По пауза од повеќе од една година, ова лето повторно се полнат грчките плажи, а меѓу најредовните гости се Македонците и Србите.
Она што го забележаа многумина при своето патување на одмор кај нашиот јужен сосед се казните кои некои од нив ги платиле.
Доколку одите со автомобил не заборавајте ги сообраќајните правила и прописи во спротивно одморот може многу да ве чини.
Потсетување, за неврзан појас казната е 350 евра, за зборување на телефон додека возите ќе треба да платите 100 евра. 350 евра е казната доколку во вашиот автомобил се превезуваат деца без соодветно детско седиште.
За надминување на пропишаната брзина во населено место казните се од 100 до 500 евра.