Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади, јавуваат грчките медиуми.

Затоа, најавени се нови ограничувања. Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.

Во последните 24 часа регистрирани се 1.797 новоинфицирани лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, а осум пациенти починале. Има 168 пациенти на респиратори.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардијас предупреди дека во последните 10 дена просечната возраст на новозаболените лица е 27 години и дека 32 проценти од нив најверојатно се заразиле на собири на отворено.

-Позаразниот Делта сој можеби стана доминантен и се шири во Грција, рече тој, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат.

Тој додаде дека има голем скок во бројот на случаи, што е скоро тројно зголемен од 28 јуни.

-Вакцинирајте се сега. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари, рече тој за грчката национална телевизија ЕРТ.