Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје, С.Б.(46) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачје на Кисела Вода, тој и неговата сопруга Д.Б.(45) од Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, биле физички нападнати од А.М.(39) од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.