Од МВР потврдуваат дека зафатени се четири објекти и на истите се интервенира со осум противпожарни возила.

– На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов сè уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со осум возила – истакнале од МВР.