Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата, жената била бодена со нож.
– Пријавено е дека во Струга, на улцата Ристо Крле, при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош, велат од МВР.
Во тешка состојба е и 39-годишниот Ј. Р., кој ја убил жената. Неофицијално, сопругот по убиството се обидел и да се самоубие. Тој е пренесен во Општата болница во Струга.