Големиот скандал што денеска се случи на аеродромот во Мелбурн, каде не му беше дозволен влез на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема крај, па иако добил „лекарски исклучок“ за невакциниран да влезе во Австралија, политичките власти не дозволуваат тој да добие влез, па сега си ја префрлаат одговорноста.
Кој треба да одобри влез, федералната или сојузната власт засега е нејасно, а политичарката од лабуристичката партија Јала Пулфорд, која е и член на парламентот на сојузната држава Викторија се дистанцирала од случајот со Србинот, па ја префрлила одлуката на федералната влада.
-Федералната влада нѐ праша дали ќе го поддржиме барањето на Ѓоковиќ за виза за влез во Австралија. Нема да го поддржиме, зашто секогаш бевме на чисто за две работи, прво визите се работа на федералната влада, а медицинските документи за исклучоци се работа на лекарите, рече Пулфорд.
И додека не се знае што понатаму, а сѐ погласни се најавите дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволен влез, Србинот шест часа дреме на асродромот во Мелбурн во „притвор“ и според последните информации завршен е распитот со него, па сега на државните власти е кога ќе донесат конечна одлука дали ќе влезе во Австралија најдобриот тенисер или ќе си се врати дома.