Ситуацијата со коронавирусот во Германија се влошува. Седумдневната инциденца на нови инфекции со корона ширум земјата се искачи на повеќе од 200. Ова е највисоката дневна вредност што Институтот „Роберт Кох“ ја има објавено од почетокот на пандемијата, објавија германските медиуми.
Доаѓаат и предупредувања дека одделенијата за интензивна нега се под голем притисок.
Искористеноста на одделенијата за интензивна нега во Германија повторно достигна критично ниво, предупреди докторот Уве Јансенс од Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и итна медицина (DIVI) во интервју за „Тагесшау“.
-Слободни кревети за интензивна нега има малку“, рече Јансенс, додавајќи: „На пример, оваа сабота во велерните часови беа достапни само 20 кревети за интензивна нега во цел Минхен. Тоа едноставно не е доволно и треба итно да се зафатиме со решавање на проблемот“.
Вкупно, во моментот има скоро 2.300 пациенти со Ковид-19 во одделенија за интензивна нега низ целата земја.
Ситуацијата е поинаква од пред една година, предупреди Јансенс, истакнувајќи дека медицинскиот персонал е уморен и исцрпен, пред крајот на своите сили.
-Всушност, изгубивме медицински персонал во последните неколку месеци. Ова го става целиот систем под уште поголем притисок. Паричниот бонус за медицинскиот персонал нема да биде од голема корист овде. Треба да се направи нешто итно за целата професија од амбулантска и болничка нега, а особено за интензивна нега, предупреди овој експерт.