Обвинителството во Лил поднесе обвиненија против десет мажи за силување на петгодишно момче, при што, според наводите, во насилството учествувал и таткото на детето. Случајот се однесува на период од ноември 2024 до февруари 2025 година.
Обвинетите се на возраст меѓу 29 и 50 години. Истрагата започнала на 15 февруари 2025 година. Според обвинителството, осомничените користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, а истовремено го дрогирале и детето.
Максималната казна предвидена за вакви дела е доживотен затвор. Еден од осомничените извршил самоубиство минатото лето додека бил во притвор.
Таткото на детето е обвинет за инцест и за соучество во силување.
