Долниот дом на парламентот изгласа закон според кој осуденикот сега има избор помеѓу стрелање и електрична столица доколку нема комбинација на лекови за инјекција.

Земјата од денеска го воведе стрелањето како еден од начините за погубување на осудениците, бидејќи има недостиг на смртоносни коктели за извршување на смртната казна со инјекции. Законот се очекува да биде поддржан и од горниот дом на парламентот со оглед на тоа што и таму законот има голема поддршка. Републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер изјави дека законот ќе го потпише веднаш штом ќе стигне на неговата маса. Во Соединетите Американски Држави лани се погубени 17 луѓе.

Смртната казна е легална во многу земји, а во многу држави беше укината. Во извештајот на Амнести од претходните години се наведува дека во Иран, Малдиви, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Шри Ланка и Јемен има погубени кои во време на извршувањето на кривичното дело биле помлади од 18 години.