Од Пазарниот инспекторат за „Канал 5“ велат дека граѓаните нема да бидат казнувани, затоа што тоа е работа на МВР и тие немаат такво овластување. Како што пред неколку дена истакна и министерот Бектеши казна ќе треба да платата оние угостителски објекти кои примаат неимунизирани гости, односно пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот.
Казните се движат од 250 евра до 30.000 евра.