Државјанин на Бугарија е исчезнат по нуркање во Охридско Езеро

Педесет и двегодишен државјанин на Бугарија е исчезнат по нуркање во Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца. Настанот бил пријавен денеска околу 13 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид и во Езерската полиција.

Според полициските информации, лицето со иницијали И.Т. последен пат било видено при нуркање на длабочина од 89 метри.

Во потрагата се вклучени тимови на Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи од клубот „Амфора“, кои интензивно работат на негово пронаоѓање.