Со наместениот тендер и сомнежите за корупција поврзана со адаптацијата на салата „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, Министерството за надворешни работи и министерот Бујар Османи ја компромитираа Македонија пред земјите членки на ОБСЕ, велат од Демократски сојуз.

Од партијата истакнуваат дека само алчни и неодговорни луѓе можат да учествуваат во местењето на тендер за адаптација на објект каде треба да се одржи конференција на министрите за надворешни работи, членки на ОБСЕ.

-Во Макединија над 90% од тендерите се наместени и само луѓе без свест и совест можат да тврдат дека комисијата за јавни набавки и министерот не одлучуваат за ранг листата и изборот на „најдобриот понудувач“. Демократскиот сојуз бара сите инволвирани во овој тендер да се проверат и да се иницира политичка и кривична одговорност. Криминалот и високата корупција ги блокираа сите институции и државата е во целосен колапс. Повикуваме не само ДКСК, туку и АНБ и МВР да се вклучат во истражните активности, се наведува во соопштението на партијата.