Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да започне истрага (и да ги обезбеди доказите) за да се разјасни дали вработени во Управата за јавни приходи на РМ имале поврзаност и соработка со нафтени компании и им помогнале при извршување на кривично дело „Даночна измама”, бараат од Демократскиот сојуз.
-Демократскиот сојуз бара Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да започне истрага (и да ги обезбеди доказите) за да се разјасни дали вработени во Управата за јавни приходи на РМ имале поврзаност и соработка со нафтени компании и им помогнале при извршување на кривично дело „Даночна измама”, на начин што по нивното барање за поврат на фиктивен ДДВ, за многу краток период од Управата за јавни приходи им го исплаќале ДДВ-то и со тоа им овозможиле противправно да се стекнат со парични средства кои понатаму ги користеле за продолжување на делото и ги довеле во заблуда големите нафтени компании, искористувајќи ги нивните фактури за изготвување фиктивни.
Инаку, според нашите информации се врши голем притисок за овој тежок криминал да се забошоти, стои во соопштението на партијата.