Конгресот ќе се фокусира на реорганизација и обновување на структурите
Денеска во Скопје, Демократската унија за интеграција (ДУИ) го одржува својот петти конгрес, на кој се очекува значајна реорганизација и обновување на партиските структури. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, по локалните избори истакна дека Конгресот ќе биде посветен на внатрешно зајакнување на партијата и подготовка за идните политички предизвици.
По последната седница на Советот на ДУИ, одржана минатиот месец, од партијата соопштија дека Конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец на партијата.
Клучен момент за политичката визија и демократските механизми
„Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици“, соопштија од ДУИ.
Настанот се гледа како основа за стабилизирање на партиските структури и за подготовка на ДУИ за идните политички активности и изборни процеси.