Речиси цела недела Обвинителството за организиран криминал и корупција и главниот обвинител Ислам Абази молчат и не покренуваат истрага за младиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-На сите им е чудно како Дрин Ахмети добил 39 проценти од деловниот објект ТЦ Соравија вреден 30 милиони евра, без еден денар влог, а само на обвинителот Абази не му е чудно. Ислам Абази кој е близок пријател на семејството Ахмети, а и често е во друштво со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и таткото на Дрин, Фекри Ахмети. Македонија е ДУИзирана. Обвинителството е ДУИзирано, а Димитар Ковачевски само за пуста фотелја и функција молчи за скандалот со внукот на неговиот коалиционен партнер, Али Ахмети. И Ковачевски и цела влада на СДС е одговорна за овој скандал исто колку што е одговорен Абази бидејќи не постапува по допрен глас, само затоа што се работи за внук на Али Ахмети, велат од партијата.

Од таму додаваат дека во држава како Македонија во која криминалот и корупцијата се во секоја пора на општеството, не постои човек кој така дава дури 39 процени од деловен објект кој вреди 30 милиони евра.

-Институициите за овој скандал молчат и бегаат, а кланот Ахмети прави милиони. ДУИ мора да замине во опозиција час поскоро. По паѓање на криминалната влада на СДС и ДУИ следува одговорност, стои во партиското соопштение.