Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цената на нафтените деривати. Институциите будно се грижат цените да бидат што пониски согласно светските економски движења.
Венко Филипче и раководството на СДСМ не престануваат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и постојаното ширење паника. Македонија не е изолирана од регионот, од Европа и од светот, па затоа глобалните економски движења се неизбежен дел и од домашната реалност.
Економските показатели јасно ја покажуваат вистинската состојба во македонското стопанство. Реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, додека во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлацијата во септември 2026 година изнесуваше 2,7%, а просечната инфлација во третиот квартал се задржа на околу 2,5%.
Позитивни поместувања се бележат и кај примањата на граѓаните, односно кај платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми на 49.141 денар во однос на нивото од 41.252 денари од мај 2024 година, додека просечната пензија порасна од 21.209 денари на 28.935 денари, при што реалната нето-плата во септември 2026 година бележи раст од 5,2%.
Во следните две години државата треба да сервисира и да врати околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.
„Се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
