– Честит 22 ноември-Денот на албанската азбука до сите припадници на албанската заедница. Ова е значаен ден кога во далечната 1908 година на Конгресот во Битола е создадена стандардизираната албанска азбука, стои во честитките на Куртовски и Ибраим.

Градоначалникот на Дебар, Дука, во рамки на одбележувањето на денот, положи свежо цвеќе на споменикот на азбуката и на бистите на албанските преродбеници, Саид Најдени и Јосиф Багери, кои се наоѓаат во центарот на градот.

-Искрени и од срце честитки по повод денешниот многу значаен ден за албанската нација, кога пред 113 години на Битолскиот конгрес е унифицирана албанската азбука, со која се идентификуваме како нација, како народ. До 22 ноември 1908 година нашиот народ користел туѓи азбуки, грчка, арапска, турска. Од тогаш ние ја користиме оваа азбука, на која е напишана повелбата за независност на албанската држава во 1912 година, независноста на Косово а донесен е и актот за формирање на универзитетот во Тетово. Денеска албанскот јазик во Северна Македонија е официјализиран, службен јазик, рече Дука.

Тој го честиташе денот на сите Албаници во Дебар и на сите иселеници во Европа и САД, како и на сите Албанци во светот и порача како светост да се чува ова национално богатство и да се пренесува од генерации на генерации.

Заедно со градоначалникот почит оддадоа и директорите на општински основни училишта во градот, советниците на советот на општината, претставници од секторот за општествени дејности на општината и граѓани на Дебар.