Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол, на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата која ја отвори токму Арсовски.
„Му благодарам на Душко Арсовски за неговиот ангажман, верувам благодарни му се и медиумите, зашто две и пол години функционираше врвно професионално и е заслужен за оценката како најтранспарентна институција во државата“, рече Ковачевски.
Арсовски рече дека на крајот на прес-конференцијата и тој ќе им се заблагодари на медиумите за соработката.