=Двајца пациенти ги загубија животите, а 16 се префрлени во друга болница во Плоешта поради чадот во приземјето на болницата, но нивните животи не се во опасност, изјави портпаролката на ИСУ, Ралука Василоа.

Таа додаде дека медицинската сестра, која се здобила со изгореници на 40 отсто од телото, била префрлена во болница во Букурешт.

=Истрагата треба да ја утврди причината за пожарот, изјави министерот за здравство Атила Чеке.

Според директорот на болницата, зградата била реновирана минатата година, а неодамна биле прегледани електричните инсталации и системот за довод на кислород.

Романија е тешко погодена од четвртиот бран на епидемијата на Ковид-19 и и недостигаат кревети во одделенијата за интензивна нега.

Во октомври, во пожар во болница во Констанца во југозападниот дел на земјата настрадаа седум пациенти заразени со коронавирус.

Дваесет лица загинаа и во два пожара што ја зафатија болницата во Пијатра Неамт на североистокот на земјата во ноември 2020 година и во Букурешт во јануари.