Обвинителството покрена истрага против началник и виш инспектор
Двајца полицајци се во 30-дневен притвор откако Обвинителството за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања покрена истрага против нив. Осомничените, началник и виш инспектор, се товарат за продолжени кривични дела – попречување на правдата, злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа.
Четворица полициски функционери под истрага – Кривична пријава за финансиски злоупотреби во МВР
Манипулации во истраги од страна на двајца полицајци
Според Обвинителството, во август 2023 година, при истрага за кривично дело „Предизвикување општа опасност“, осомничените намерно прикриле докази. Иако при претрес била пронајдена пушка, тие не го известиле обвинителот и не побарале нејзино вештачење. Toa довело до отфрлање на пријавата против осомничениот.
Во друг случај од декември 2023 година, полицајците му вратиле возило на осомничен и покрај тоа што вештачењето покажало дека неговиот идентитет бил променет. Со ова, му овозможиле на друг да стекне имотна корист од 7.640 евра.
Судот одреди притвор
Јавниот обвинител оцени дека постои опасност осомничените да избегаат, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото. Поради тоа, Кривичниот суд во Скопје одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: Макфакс