На денешен ден пред точно две години се случи трагичната несреќа на автопатот „Струма“ на автобусот од „Беса Транс“ во која загинаа 45 лица.
Автобусот утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.
Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.
Автобусот беше еден од неколкуте со кои управуваше „Беса транс“, туристичка агенција со седиште во Скопје.