Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.
При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.