Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска на улица „Христијан Тодоровски Карпош” во Чаир.

Од МВР информираат дека според првичните информации во сообраќајката учествувале три возила како и дека во моментов се врши увид на местото на несреќата.