При извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени пет моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, велат од МВР и додават дека одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот запознаен е јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, појаснуват од полиција.