Додека спасувачите ги пребаруваа урнатините на болницата во Одабаси, провинцијата Хатај, тимовите открија дека две лица се уште се живи.

Тие беа спасени 261 час по разорниот земјотрес што ја погоди Турција.

Екипите стигнаа до Мустафа Авџи и Мехмет Али Сакироглу, кои беа затрупани под урнатините на болницата, јавуваат турските медиуми.

Борејќи се со времето, спасувачите стигнале до двајцата по 261 час и ги спасувале еден по друг.

Авџи по телефон разговарал со свој близок роднина на кој му кажал дека е жив, а на видеото се гледа како тој ја бакнува раката на спасувачот кој му го овозможил телефонскиот повик.

Дали Назли излезе од под рушевините, прашува Авџи на видеото, а потоа доби одговор на кој не се надеваше.

„Сите се добро“, му одговори роднината, двете момчиња се пренесени на лекување во болница.