Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 14:04 часот. Потресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, особено во Битола и околината.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.
Жителите на Битола и околните места го почувствувале земјотресот со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните што го почувствувале потресот да се јават на бројот 112, со цел добиените податоци да бидат употребени за сеизмолошки истражувања.
