Две жени побарале лекарска помош откако вдишале чад по пожарот што избувна во Универзалната сала во Скопје. Тие живееле во некоја од соседните згради на којашто пукнале прозорци, по што внатре влегол чад. Жените со Брза помош биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија.

Од Центарот за управување со кризи велат дека „на бројот 112 во ЦУК немало повик за Итна медицинска помош заради пожарот на Универзална. Но, ако директно некој вртел од таму на 194 (тој број си функционира уште), немаме податок…“.

Пожарот сега е локализиран.