Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

-Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје информираат од штипската болница.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.