Пукање на плажата Словенска – две жртви од иста фамилија
Будва утрово беше потресена од двојно убиство, во кое животот го загубија С.С. и неговиот син, а како осомничен за убиството е приведен В.С., брат на едниот од убиените. Инцидентот се случил во бар на плажата Словенска, каде според првичните информации дошло до пукање околу 8 часот наутро.
Полицијата реагирала веднаш и го уапсила осомничениот
Како што објави црногорскиот медиум „Вијести“, пукањето било пријавено на улицата Словенска Обала, по што полициските службеници веднаш излегле на терен. На самото место бил пронајден и уапсен В.С., а при прегледот било откриено и огнено оружје, за кое се претпоставува дека било употребено во убиството.
Причина за трагедијата – конфликт околу превоз со брод?
Иако истрагата е во тек, „Вијести“ повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека трагичниот настан бил резултат на семејна расправија. Таа ескалирала поради несогласувања околу превоз на патници со брод.
Неофицијално, убиецот полицијата ја чекал во кафуле. Повеќе детали може да прочитате ТУКА.