Техничкиот премиер смета дека не го прекршува Законот со своето присуство на настан за најава на изградба на нови објекти и промоција на нова градинка, иако изборите се распишани.

„Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24-ти, некаде на 4-ти април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период“, изјави Џафери.

Џафери одби да коментира и дали ДУИ ќе настапи со свој кандидат за претседател или со СДСМ, а не зборуваше ниту за кандидатурата на Таравари.