Премирот на техничката влада, Талат Џафери утре ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.

Како што соопштија од Влада, Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За време на Самитот, тој ќе присуствува на централниот и придружен настан, а ќе оствари и билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо.