На средбата, Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Чешката Република за нашите евроатлански и европски интеграции. Тој искажа задоволство што Метнар ја посетува Република Македонија во својство на земја – членка на НАТО. Истакна дека неговата презентација за безбедноста пред пратениците е соодветна и ќе придонесе за натамошното зајакнување на улогата на комисиите и на Собранието во целина, како и за натамошното демократизирање на нашето општество. Воедно, изрази благодарност што Вишеградската група е меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западниот Балкан за добивање на членство во ЕУ, соопштија од Кабинетот на собранискиот спикер.
Џафери информираше дека во Собранието веќе е формирана Пратеничка група за соработка со Парламентот на Чешка и дека смета дека парламентарната димензија секогаш може да помогне во јакнењето на соработката помеѓу две земји во сите области.
Министерот Метнар истакна дека Република Македонија е многу значаен партнер за Чешката Република и дека ќе продолжат да ја поддржуваат земјава во процесот на зачленување во Европската унија. Смета дека Западниот Балкан претставува долготраен надворешен политички приоритет за Чешка. Тој нагласи дека членството на Република Македонија во НАТО ја зајакнува стабилноста во целиот регион. Го потенцираше и значењето на добрата соработка меѓу законодавната и извршната власт во државите, како и доброто спроведување на постапките за јавни набавки во областа на одбраната. Посочи дека соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете земји треба да продолжи, при што понуди експертизи и искуства од нивното дваесетгодишно членство во НАТО Алијансата.
Соговорниците се согласија дека активната соработка меѓу двете држави е особено видлива и е поврзана со мигрантската криза кога Чешката Република испрати чешки полициски службеници да вршат заеднички активности со нашите полициски сили.
Двајцата соговорници изразија надеж дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи во иднина во уште многу други области како што се науката, образованието, одбраната, здравството, културата и други, стои во соопштението.