Како што соопшти Кабинетот на Џафери, во своето обраќање и во текот на дискусијата тој го елаборираше значењето на парламентарната дипломатија како надополнување и збогатување на целокупната надворешна политика, стратешките приоритети на Собранието на меѓународен план и клучните сегменти на надворешната политика со проактивен ангажман на собраниските комисии, делегации и групи за соработка.

– Воедно, претседателот даде осврт на придонесот што Собранието, како легитимен и кредибилен орган на претставничката демократија, може да го даде во креирањето на издржана и сеопфатна надворешно – политичка стратегија на државата, информира Кабинетот на Џафери.

Дускусијата со поздравно обраќање ја отовори министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, кој ги презентираше трите столба врз кои со инклузија на сите политички, стручни и општествени фактори во државата ќе се гради надворешната политика во наредните 10 години. Тоа се: разговори со граѓаните, тематски конференции со учество на експерти и општествени и политички чинители и активноста на Стратешкиот совет.

Во дискусијата учествуваа шефовите на собраниските делегации во меѓународните парламентарни собранија.