На средбата двајцата соговорници разговараа на повеќе актуелни политички теми.

Претседателот Мицкоски на својот соговорник му ја презентираше концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите луѓе“, како и промоциите на нови политики кои како понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави пред граѓаните на следните избори.

Мицкоски го информираше евроабасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот Предлог закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци.

Претседателот Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновата на принципиелна основа.