Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва уште повтори дека не ја прекршил процедурата околу отфрлањето на иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зошто да си поднесам оставка? Кој вика дека сум ја прекршил процедурата? Кои се тие што повикуваат за моја оставка? Со кој мандат? Ги почитувам тие експерти што викаат дека сум прекршил процедура, но ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи. Едно е теоретско разгледување и хипотеза, а друго е практичната примена на носителот на функциите. Јас не толкувам, туку спроведувам за она што сум се изјаснил во моментот на мојот избор и во тој момент, како што е процедурата, сум дал заклетва и сум се обврзал да го почитувам Уставот и законите. Уставот е над сите правни акти, рече Џафери.
Тој нагласува дека сам не толкува ништо, туку само спроведува.
-Затоа испратив известување дека нештата што дошле до мене, првично се спротивни на Уставот. Сите прописи се подредени на Уставот. Јас имам 20 години искуство во учесто во работата во Собранието. Никаде не пишува во членот што треба да се прави, туку дека јас треба да спроведам Устав и правилник, потенцира Џафери во гостувањето на емисијата „24 анализа“.