– Додека вашите соседи од Албанија ги исполнуваат и почитуваат упатствата, Вие не запирате да ѝ кажувате на ЕУ што треба, а што не треба да ви постави како услов. А масата на преговори, на која кажувате што не треба да има, е тажно празна. Ѝ го кажавте ли тоа на г-ѓа Фон дер Лајен? Ѝ кажавте ли дека досега не сме преговарале ниту за една точка, толку месеци по нашето таканаречено ’вето‘?, напиша Џамбаски.
Тој посочи дека Заев, може да звучи цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на ’идентитетот‘ со факти и наука, но двајцата, вели Џамбаски дека добро знаат колку смешно звучи тоа, а според него е неточно.
– Знаете ли драги, дека и во Бугарија го сметаме нашиот ’идентитет‘ за гордост. И токму затоа, ако некој посака да зборува зa него, ако некој го оспори, ќе се исправат со истата гордост и ќе го убедам во неговата неприкосновеност. Нешто, со кое Вие изгледа не можете да се справите, додаде Џамбаски.