Побеле „црната листа“ на Владата и Претседателот, на која се беа бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, на кои пред две недели не им беше доволен влез во Македонија затоа што се однесувале спротивно на македонските закони.

Оваа промена претседателот Стево Пендаровски, ја откри на форумот за безбедносна политика, кој се одржа во Скопје, а на кој имаше и бугарско учество, објавуваат бугарски медиуми.

Според новата позиција бугарските иредентисти, како што ги нарекува Пендаровски, во Македонија може да влезат како европратеници, но не можат да влезат како приватни личности, пренесува Експрес.

Пендаровски го коментираше конкретно инцидентот со суспензијата на Ковачев, а според бугарските медиуми од неговите зборови станало јасно дека во Скопје на два различни начини ги третираат бугарските членови на ЕП кои доаѓаат во Македонија – еднаш во лично својство и втор пат како европратеници.

– Доколку европратениците сакаат да дојдат во С. Македонија како дел од делегација на ЕП, тие се добредојдени, но во нивно лично својство, без оглед на тоа кои се нивните мотиви, може да им биде забранет влез во земјата, рече Пендаровски, јавува дописникот на БТА од Скопје.

На дискусијата организирана од белградскиот центар за безбедносна политика на тема „Руска агресија против Украина: нов импулс за проширување на ЕУ“, Пендаровски рече дека на Советот за национална безбедност одржан на почетокот на годината, пред годишнината од смртта на Гоце Делчев, на кој се очекуваше да пристигнат луѓе од Бугарија за да му оддадат почит на Делчев, од безбедносните служби имало информации дека постои можност за провокации и лица кои не треба да се пропуштаат во земјава.

– Имавме целосни информации. На некои луѓе не им беше дозволен влез во државата. Судиме која личност, во која прилика не треба да биде примена, вклучително и некои европратеници. Таквите лица кои покажуваат иредентистички ставови кон нашата земја нема да бидете примени. Не можете да се криете зад вашиот формален статус, се правдаше Пендаровски, пренесува БТА.

Одбивањето пристап до територијата на Македонија на европратеникот Андреј Ковачев на 6 мај, кога тој патуваше да учествува на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на бугарските воени гробишта кај Ново Село, предизвика голем број реакции, не само од Бугарија, туку и во Европа.

– Политиката е уметност на можното. Иднината на Република Македонија е во ЕУ, а тоа вклучува и измени на уставот. Суспензијата на европратениците е тешко да се објасни, рече заменик директорот на Европскиот совет за надворешни односи, Весела Чернева, која исто така учествуваше во дискусијата на Белградскиот форум одржан во Скопје.