Џамбаски првично најави дека ќе дојде во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, по што министерот за вантрешни работи рече дека на влез во земјава ќе биде одлучено дали ќе му биде забрането да ја премине границата.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, преку својот Фејсбук профил ги повика своите сонародници достоинствено да го одбележат роденденот на „бугарскиот народен херој Гоце Делчев“ и им предложи тоа да го направат во било кој град, односно да не одат во Скопје.

„Другари и сограѓани Бугари, никој, апсолутно никој, ниту родово определените родители на антибугарскиот македонизам од Коминтерната, ниту неговите родово одредени чувари во Брисел, не можат и нема да ни кажат каде, кога и како ќе го почитуваме бугарскиот народен херој Георги Николов Делчев. Затоа ви нудам и ве повикувам. Утре се одбележува годишнината од раѓањето на Георги (Гоце) Николов Делчев. Бугарски учител, револуционер, офицер, војвода. Да го славиме и достоинствено да го почитуваме. Тоа може да се направи во Кукуш, каде што е роден. Градот бил уништен во 1913 година, но сè уште стои црквата на ридот, женскиот манастир, на одливот кон Кукуш, ова е новиот град. Тоа може да се направи во урнатините на селото Баница, исто така уништено во 1913 година, камбанаријата на црквата каде што првично бил погребан Гоце сè уште стои. Во близина на денешното село Орини, Серско. Тоа може да се направи во градот Гоце Делчев, поранешен Неврокоп. Тоа може да се направи во секој бугарски град каде што има споменик, биста, спомен знак, улица посветена на Војвода Гоце Делчев“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

 

Претседателот Стево Пендаровски неодамна, по седница на Советот за безбедност, изјави дека ќе и предложи на Владата еден буарски европратеник да биде прогласен за персона нон грата. Џамбаски првично најави дека ќе дојде во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, по што министерот за внатрешни работи рече дека на влез во земјава ќе биде одлучено дали ќе му биде забрането да ја премине границата.

Објавениот повик на Џамбаски на Фејсбук, бугарските граѓани да го слават раѓањето на Гоце Делчев во било кој град и да не одат во Скопје, може да се толкува како негова најава дека денеска нема да пристигне во црквата „Св. Спас“ каде се одржува официјалната церемонија за чествувањето на Делчев.

Според најавите од бугарското МВР, во официјалната делегациија од Бугарија која ќе с епоклони на гробот на Делчев ќе бидат бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов. Со нив се очекува да пристигне и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.