И покрај фактот дека акциите на конгломератот на Арно, ЛВМХ, исто така, паднаа за 1,4 проценти, најбогатиот Европеец е посиромашен за „само“ 2,9 милијарди долари, па оваа недела ја затвори со проценето лично богатство од 192,9 милијарди долари.
Арно и Безос се вртеа на прво место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ седеше на престолот во последните 50 дена.
Французинот го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година, но неговиот конгломерат стагнираше со деловни резултати оваа година, особено од почетокот на летото.
Арно поседува 47 проценти од акциите на компанија која ги обединува брендовите како „Луј Витон“, „Моет & Чандон“, „Кристијан Диор“, „Тифани и Ко“ под еден покрив.
Иако акциите на „Амазон“ загубија вредност, компанијата не забележа лоши резултати. Само не толку добро како што се надеваа акционерите.
Американскиот гигант пријави 113 милијарди приходи, што претставува зголемување од 27 проценти во однос на истиот период минатата година, како и 7,8 милијарди нето добивка.
Сепак, „Амазон“ предвидува дека приходите во третиот квартал ќе бидат помеѓу 106 и 112 милијарди, што е под претходните очекувања од 119 милијарди долари.
Падот на акциите на „Амазон“ влијаеше и врз богатството на поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која доби акции во компанијата по разводот. Таа загуби 4,6 милијарди, па сега нејзиното лично богатство се проценува на 56 милијарди долари.