Џеф Безос (59) и неговата свршеница Лорен Санчез (53), споделија со јавноста дека ќе донираат 100 милиони долари за Мауи, кој беше уништен од големите пожари на Хаваи, пишува „Пејџ сикс“.

Во заедничка објава на Инстаграм, тие напишаа дека мислат на сите семејства кои изгубиле толку многу и на целата заедница која е уништена.

„Важни се неодложните потреби, а исто така Потребна е долгорочната обнова што ќе треба да се случи – дури и откако ќе се намали поголемиот дел од вниманието“, додавале тие.

Шефот на Амазон и атрактивната поранешна водителка, напишаа дека го основале фондот „Мауи“ и ќе донираат 100 милиони долари за да му помогнат на островот „да се врати на нозе сега и во годините што доаѓаат“.

Многумина, вклучително и познати личности, ја поддржаа нивната великодушност и порачаа дека прават прекрасна работа.

Инаку, најмалку 80 луѓе загинаа во страшните пожари на Мауи, а 1.000 сè уште се водат како исчезнати, а уништени се илјадници домови, соопштија локалните власти.