Во најновото интервју за The Hollywood Reporter, ѕвездата од „Пријатели“ се отвори за многуте гласини кои особено во минатото се ширеа за нејзиниот приватен живот.
„Порано си го сфаќав премногу лично. Гласините за бременост и сите тие претпоставки како ‘ох, таа избра кариера пред деца’. Си велев: ‘Вие немате поим што се случува со мене на личен план, медицински, зошто не можам… можам ли да имам деца?’ Тие не знаеја ништо и многу беше болно и злонамерно“ – рече таа.
Анистон вели дека социјалните мрежи се новите таблоиди и дека во денешно време, секој може да навредува од зад екран.
-Она што тогаш таблоидите и медиумите им го правеа на луѓето за личниот живот, сега го прават обичните луѓе. Немам видено таблоид одамна. Дали сè уште гласините се дека ќе имам близнаци? Дали на чудесен начин ќе станам мајка на 52 години? Сега ги имате социјалните мрежи. Како медиумите да им го предадоа мечот на кого било кој седи зад компјутерски екран за да биде трол, или како и да се нарекуваат, и да навредува луѓе во коментари. Не знам зошто има таков злобен тренд во општеството. Често се прашувам што им е возбудливо во тоа – изјави таа.
Говорејќи за двојните стандарди кои ни се наметнуваат, Џенифер искоментира:
-Мажите можат да се женат толку пати колку што сакаат. Можат да се женат со жени во нивните 20-ти или 30-ти години. На жените не им е дозволено тоа.
По разводот со Бред Пит, Анистон беше мета на неосновани и мизогинични коментари дека токму таа била причината за разделбата затоа што сакала да се фокусира на работата, а не на создавањето семејство.