Џенифер Анистон е светски позната веќе 30 години, но и покрај успехот во актерските води, се чини дека сите повеќе се фокусираат на нејзиниот љубовен живот. Постојано кружат гласинии за тоа дали можеби е во брак или дали воопшто сака да има деца, а сега таа открива дека за да се справи со ова, морала да оди и на терапија.

За магазинот People, Џенифер открива дека некогаш гласините за тоа дека е бремена биле толку распространети, што дури и членовите од семејството ја притискале и почнувале да ја прашуваат. Сето ова ја натерало Џенифер да се обрати кај психијатар, за да може полесно да се справи со притисокот од семејството.

Само си мислам, ’Боже, колку години ќе ви требаат за да почнете да ги игнорирате тие глупости, вели актерката за нејзиното семејство.

 

По разделбата со Бред Пит, Џенифер беше со Џастин Теру, но и оваа врска пропадна. Откако Бред се раздели од Анџелина се појавија гласини дека можеби повторно е со Џенифер, но актерката вели дека тоа не е точно.

Во друго неодамнешно интервју, Анистон откри дека со Бред се само пријатели.

– Јас и Бред сме другарчиња, ние ме пријатели… и разговараме,

Последната „средба“ на Бред и Анистон беше за време на читање сцена од Fast Times At Ridgemont High минатата година. Читањето беше виртуелно, односно секој од актерите беше вклучен преку видеоповик.

Тогаш фановите беа повеќе заинтересирани за интеракцијата на Бред и Анистон отколку самото читање, а беше очигледно дека се во добар однос.

– Беше многу забавно. Немаше ништо чудно, освен можеби за оние кои нè гледаа и очекуваа да биде чудно. Ни беше забавно, го направивме тоа со добра цел, вели Џенифер за читањето.

 

Кратко по разводот, Бред Пит изјави дека неговиот живот бил досаден, а бракот со Џенифер имал удел во тоа. Сепак, потоа реши да се извини за оваа изјава:

– Жал ми е што изјавата беше сфатена на тој начин. Џен е неверојатна и интересна жена која ми остана пријателка. Нашата врска е важна и многу ја ценам. Тогаш не мислев дека Џен е досадна, туку дека јас почнував да станувам досадна личност за мене, а за тоа сум одговорен само јас.

Моментално Џенифер е сингл и вели дека не размислува за брак, но и дека никако не користи апликации за состанување.

Никогаш нема да користам апликации. Ќе си се држам до старомодното состанување – некој да ме покани на состанок. Така ми е подобро.

Кога станува збор за бракот, Џенифер вели дека сега се фокусира на тоа да најде добар партнер со кого ќе ужива. Според неа, нема потреба од брак, односно документи, кои ќе потврдат дека е со вистинскиот.

Актерката прозборе и за проблемите што ѝ ги предизвикува јавниот живот, како и помошта што ја добила од нејзиниот психијатар.

– Терапијата ми помогна многу. Да се биде јавна личност… има многу неверојатни нешта што доаѓаат со тоа. Но има и многу тешки моменти, бидејќи и ние сме само луѓе, но сите постојано нè следат.

За крај, актерката нагласи дека сега се чувствува навистина среќно:

– Сега сум на мирно место. Имам работа што ја сакам, имам луѓе кои ми значат многу и имам убави кучиња. Јас сум навистина среќна и благословена личност.