Основачот на Викиликс и Стела Морис имаат два сина за кои таа рече дека се зачнати додека живееле во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Затворската служба соопшти дека апликацијата на Асанж била испитана на вообичаен начин од началникот на затворот.
Затворениците имаат право да аплицираат за брак во затвор според Законот за брак од 1983 година и кога ќе бидат одобрени барањата, тие мора да ги покријат сите трошоци за склучување на бракот.
Во интервју за Мејл он Сандеј минатата година, Стела Морис, адвокатка, родена во Јужна Африка, откри дека е во врска со Асанж од 2015 година и дека сама ги одгледала нивните два мали сина.
Таа рече дека Асанж го гледал раѓањето на двете момчиња преку видео врска и тие го посетиле нивниот татко во амбасадата на Еквадор во главниот град на Велика Британија.
Австралиецот се наоѓа во затворот Белмарш од 2019 година, кога полицијата го изнесе од амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапси поради кршење на условите за ослободување со кауција.