ЕЦБ спроведе симулација во повеќе од 1.600 банки во еврозоната за да утврди како да се справи со последиците од честите природни катастрофи како резултат на климатските промени и со воведување мерки кои треба да ги намалат емисиите на штетни гасови.

Симулацијата покажа дека шансите за проблеми во сервисирањето на банкарските заеми ќе се зголемат за седум проценти во текот на следните 30 години, ако не се преземе ништо за спречување на климатските промени. Регионите во јужна Европа во тој случај веројатно би биле повеќе изложени на ризик од пожар, додека Источна и Централна Европа би биле под зголемен ризик од поплави, наведува ЕЦБ.

Истовремено, банките во земји како Грција, Кипар, Португалија, Шпанија и Малта се значително повеќе изложени на компании чии чести природни катастрофи можат да предизвикаат големи загуби од оние во другите земји, но и во споредба со просекот на еврозоната, според студијата на ЕЦБ.