Британскиот кантавтор Ед Ширан стана татко по втор пат. Според наводите, тој решил веднаш да го открие полот на бебето, па на Инстаграм објави дека тоа е девојче.

Тој објави и слика од детски чорапи.

„Сакам да ви соопштам на сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и сме вон себе зашто сега сме четиричлено семејство“, напиша музичарот под фотографијата.

Ед и неговата сопруга Чери ја добија својата прва ќерка во 2020 година. Тие се заедно од 2015 година, а се венчаа четири години подоцна.