Еднојајчаните близнаци Хуго и Рос Турнер одлучиле да направат мал експеримент поврзан за начинот на хранење.

Хуго две недели јадел само веганска храна, додека Рос се држел до храната богата со месо, а промените на нивните тела ги следел тим научници од лондонскиот колеџ „Кингс“. За време на експериментот научниците ја мереле промената на нивните тела, нивото на холестерол и мускулна маса.

Двајцата за тоа време вежбале во теретана, пет до шест пати неделно, а внимавале и во приготвувањето на оброците, така што внесувале скоро па индентичен број на калории. На крајот на експериментот се покажале важни разлики во нивниот физички изглед.

Пред да го исфрли месото од исхраната, Хуго тежел 63,9 килограми и имал 13% маснотии во телото. На крајот на експериментот имал 82,1 килограм, а процентот на маснотии во телото му се намалил на 12%. Исто така му паднало и нивото на холестерол. Раскажал дека сега има повеќе енергија, отколку пред промената на начинот на исхрана.

-Мојот ментален фокус беше многу подобар додека бев на веганска диета. Не чувствував попладневен пад на енергијата, рече тој.

Тоа го објасни со промената во ужинките. Бидејќи колачите и чипсот кои имаку ги јадел не влегувале во веганската исхрана, ги заменил со овошје и јаткасти плодови.

Рос експериментот го почнал со тежина од 79,4 килограми и 13% маснотии. За време на експериментот добил плус 4,5 килограми мускулна маса и 1,8 килограм масно ткиво. На крајот на експериментот имал 85,7 килограми, а процентот на маснотии му се кренал на 15%. Нивото на холестерол не му се променило.

Овој експеримент траел прилично кратко во споредба со другите студии поврзани со исхраната, а близнаците потврдија дека експериментот би сакале да го повторат во траење од шест или дванаесет месеци, за да добијат точни резултати.