Веќе неколку недели централниот плоштад во Крива Паланка блеска во новогодишно руво, со голема елка и бројни светлечки украси и е место каде освен кривопаланчани од сите генерации се собираат и посетители од други градови.
Неделава општина Крива Паланка има и богата музичка програма. Нокаут, Дац и Александар, Два Бона, Елена Велевска, Исак Шабановиќ…се само дел од од ѕвездите кои ја забавуваа публиката на градскиот плоштад. За најмалите има дневна забавна програма со Златно Славејче, Распеано симитче, кловнови, жонглери и Дедо Мраз.
Еве дел од атмосферата во североисточното градче Крива Паланка, познато по студот, чистиот воздух и евтините цени за вкусна храна: