– Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Претседателот на Лигата на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, побара од државните органи да престанат со „толерирање“ на членовите на движењето против вакцинацијата и оцени дека краткорочните апсења на лидерите против вакцинацијата „не се доволни“, јави дописникот на МИА од Белград.