ГЕРБ на Бојко Борисов останува водечката политичка сила во Бугарија и по денешните парламентарни избори, откако освои 25,7% од гласовите, велат излезните анкети.

Сепак, вистински победник на изборите е партијата Има таков народ, што пред една година ја основа популарниот пејач, актер и шоумен Слави Трифонов, која се најде на третото место по бројот на освоени гласови – 15,2%.

Втора е БСП, социјалистичката партија на Корнелија Нинова, за која гласаа 17,6% избирачи, додека досегашниот коалициски партнер на Борисов, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, освои 4% гласови, со што успеа да го помине прагот за влез во парламентот.

Според неофицијалните пресметки, ГЕРБ ќе има 76 пратеници во новиот состав на парламентот и се најавува неизвесност во формирањето на новата влада.