Хрватски граѓанин загина, а четворица државјани на Северна Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска кај клучката Ковиљ во близина на српскиот град Нови Сад, откако автомобил со македонски регистерски таблички излетал од патот по судирот со друго возило.
Како што јавуваат српските медиуми, на самото место на несреќата загинал возачот на „Пежото“, М.А. (56), државјанин на Хрватска, а повредени се две жени, седумгодишно девојче и 10-годишно момче, сите четворица македонски државјани.
Децата се пренесени во Детската болница во Нови Сад, а жените се згрижени во Клиничкиот центар на Војводина.
Поради големите оштетувањата на „Пежото“, повредените лица од автомобилот ги извлекле пожарникари